Дербито на колото во англиската Премиер лига се игра во четврток, а актуелниот освојувач му гостува на моменталниот лидер, Арсенал.
Ливерпул е во серија од девет меча без пораз, но четири од овие меча завршија нерешено, а тоа значи и осум изгубени бода во Премиер лигата.
„Можеби сме во серија од девет натпревари без пораз, но последните две ремија ни дојдоа премногу – против Лидс и Фулам. Не сме таму каде што сакаме да бидеме, но имаме талентиран тим и ако сите ни бидат на располагање, можеме да постигнеме нешто посебно. Тоа го покажавме со неколку импресивни победи, но имавме и ремија и порази кои оставија негативен впечаток. Континуитетот не е присутен оваа сезона. Потенцијална победа против Арсенал би значела многу. Тоа би покажало дека во подоцнежните фази од сезоната можеме да се натпреваруваме со секој тим. Веќе го победивме Арсенал на домашен терен. Победувавме и други силни екипи, но исто така знаеме дека ова е посебен натпревар за нив. Мора да бидеме подготвени. Мислам дека сите со нетрпение го очекуваат овој дуел. Секогаш е убаво да се игра во вакви пресметки – со Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид…“ – рече Арне Слот на официјалната прес-конференција пред мечот против Арсенал.

