Ливерпул цврсто гази кон освојување на трофејот во Премиер лигата, но затвори и два големи проблеми, договорите на Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк. Останува само Трент Александер-Арнолд, чиј договор истекува на крајот од оваа сезона.
„Сакаме да ги задржиме нашите најдобри фудбалери и фактот дека тоа го сторивме кога им истекуваа договорите, јасно ги покажува амбициите на клубот за следните години. Многу сум среќен што и двајцата продолжуваат со нас. За Салах зборував минатата недела, а Вирџил ни е многу важен и на теренот, но и надвор од него, во соблекувалната. Тешко е да го опишам Ван Дајк. Тој е лидер на теренот, никогаш немам работено со фудбалер како него во поглед на лидерството и енергијата. Неговиот пристап е професионален, се труди да им помогне на соиграчите, посебно на помладите. Задоволен сум од екипата што ја имам, истражувањата велат дека колку подолго еден тим игра заедно, толку повеќе има успех. Воопшто не размислувам за титулата, сега сме насочени само кон натпреварот со Лестер.“ – рече тренерот на Ливерпул, Арне Слот.