6.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Арне Слот пред гостувањето кај Сандерленд: „Ние сме Ливерпул, тука и нерешеното е како пораз“

Ливерпул по домашниот пораз против Манчестер сити (1-2), го очекува незгодно гостување кај Сандерленд, меч на кој ќе бидат без суспендираниот Доминик Собослаи. Арне Слот е јасен, се освен победа е неуспех за актуелниот шампион на Англија, па вели дека во Ливерпул дури и ремито се доживува како пораз.

„Нерешениот резултат во овој клуб се доживува како пораз. Секако, тоа не е лесно ниту за играчите, бидејќи знаат кои се стандардите на Ливерпул, на кои во моментов не им одговараме, и се чувствуваат разочарани. Главно затоа што во секој натпревар сме многу блиску до победа. Секојпат ни изгледа дека сме на пат да победиме, но тоа не се случува. Веројатно е потешко отколку кога во текот на целиот меч чувствувате дека противникот ве надминува и дека едноставно не сте доволно добри. Но тие не го чувствуваат тоа. Уверени се дека можат да се натпреваруваат со секој тим во која било лига во светот. Но реалноста е дека не ги исполнуваме стандардите на Ливерпул.“ – рече Слот на официјалната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести