Челзи со гол во 95-тата минута го победи Ливерпул во дербито на колото во Премиер лигата, па „црвените“ веќе не се лидери, а врвот му го препуштија на Арсенал, кој сега има бод повеќе.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е разочаран од поразот, па вели дека се се одвивало слично како и на претходниот натпревар кој го загубија, оној против Кристал палас.
„Уште еден разочарувачки пораз. Тоа е јасно. Уште еден натпревар, сличен на оној со Палас, иако самата игра беше сосема поинаква, бидејќи стиловите на игра на двата тима се различни. Но сепак е слична со мечот против Палас, каде што во првото полувреме не игравме најдобар фудбал, но успеавме да создадеме три големи шанси. Челзи имаше само една и ја искористи, што беше различно од натпреварот со Палас, каде што тие создадоа многу можности во првото полувреме. Настапот во второто полувреме, исто како и против Палас, ми се допадна. Создадовме повеќе од доволно шанси за да постигнеме повеќе од еден гол. Мислам дека имаше период од мечот во кој почувствував дека можеме да ја добиеме средбата. Имавме многу можности, како и моменти кога имавме четворица против тројца во наша корист, но не го одигравме најдобро последниот пас. Во последните 10 минути мечот беше отворен и секој од двата тима можеше да победи. Ние не успеавме, но Челзи успеа.“ – рече Слот по поразот од „сините“.