Арсенал ги отпушти „шпионите“ кои трагаат по таленти низ Европа

Веќе е познато колкава финансиска штета направи корона-вирусот во фудбалот и спортот воопшто. И најголемите европски гиганти мораа да кратат плати и да намалуваат број на работници за колку толку да ја одржат стабилноста, а меѓу нив е и Арсенал.

Топчиите отпуштија одреден број на скаути кои се пуштени на Стариот континент да бараат таленти, а претходно отпуштија и работници во академијата. Исто така, работници кои се во клубот околу две децении ќе останат на работните места меѓутоа во следниот период ќе им бидат намалени примањата.

Инаку, Арсенал ќе го најави рестартот на сезоната во Премиер лигата на 17 јуни, кога избраниците на Микел Артета ќе гостуваат на „Етихад“ кај актуелниот првак Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести