Арсенал го донесе првото засилување, и тоа во нападот

Англискиот премиерлигаш Арсенал го доведе првото засилување за новата сезона. Се работи за младиот талентиран 18-годишен Габриел Мартинели. Тинејџерот од Бразил доаѓа од екипата на Итуано, а со Топчиите потпиша повеќегодишен договор. Бразилскиот клуб за овој трансфер доби шест милиони фунти.

„Како дете сон ми беше да заиграм во Европа. Сега тоа ми се исполни, и тоа во голем клуб како што е Арсенал. Ќе ја искористам дадената шанса. Благодарен сум на сите, на Господ, ветувам дека ќе дадам сè од себе“, рече Габриел на претставувањето во дресот на Арсенал.

Бразилецот вели дека негов омилен фудбалер му е Кристијано Роналдо и тој му е пример за тоа како треба да работи во иднина.

 

- Оглас -

Најнови вести