Арсенал буквално го понижи актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити, и го победи со 5-1. Единствениот гол за „граѓаните“ беше дело на Ерлинг Халанд, кога во 55-тата минута израмни на 1-1, а навивачите во Лондон постојано го исвиркуваа.
После завршувањето на мечот, норвешкиот репрезентативец одлучи да им покаже на домашните навивачи кој е шампион на Англија, покажувајќи со прстот на златното лого на Премиер лигата на неговиот десен ракав од дресот. Ваквата постапка предизвика дополнителни негодувања од гледачите на „Емирати“.