УЕФА го казни француски Лил за истакнување транспарент и „спорна“ кореографија за време на натпреварот од осминафиналето на Лигата на Европа против Астон вила.
Пред почетокот на натпреварот на трибина беше развеан транспарент со француското знаме и слика од Јованка Орлеанка во оклоп и со меч во раката. Долу имаше натпис на англиски јазик: „Французите никогаш не умираат“ и слогани како „Горда. Силна. Жестока“ и „Јованка го крева својот меч, а Лил се бори“.
Лил беше казнет со вкупно 82.750 евра за објавување порака несоодветна за спортски настан, како и за фрлање предмети, палење ракети и одложување на почетокот на натпревар.
Претходно УЕФА го казни и српскиот клуб Црвена ѕвезда со 95.000 евра, од кои 40.000 за кореографија пред натпреварот од Лигата на Европа против Лил.
Делиите истакнаа транспарент на којшто пишуваше: „Нека нашата вера ве води до победа“, а направија мозаик од картони со ликот на православниот светец Свети Симеон Мироточивиот, познат како Стефан Немања.


