Арсенал и Баерн блиску до полуфииналето во Лигата на шампионите

2707 КТП – Хака (17.30 часот)

Ова е натпревар од првото коло во втората по ранг лига во Финска. Во подготвителниот период двата тима одиграа по неколку контроли, а учествуваа и во лига купот. Во минатата сезона овие два тима беа прволигаши, но испаднаа и сега целта ќе им биде експресно враќање во елитата. Во 2025 година КТП доби две пресметки со Хака и тоа беа ефикасни мечеви со голови во двете мрежи, но како гостин. Дома КТП не победил против Хака од 2014 година.

Предлог тип: 1Х & ГГ (1.99)

 

6271 Баерн ж. – Манчестер ј. ж. (18.45 часот)

Тука станува збор за реванш од четвртфиналето во женската Лига на шампиони и се очекува да биде прилично интересно бидејќи германскиот тим го доби првиот меч со 3-2. Баварките се блиску до пласман во полуфиналето, особено што се во топ форма, немаат пораз уште од октомври, кога беа уништени со 1-7 од Барселона. Во последните шест месеци, редат само победи, исклучок е еден меч со Атлетико во Мадрид на којшто одиграа нерешено. Дома една година немаат пораз.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.88)

 

3601 Викингур – ХБ Торшавн (20.00 часот)

На Фарските Острови новата сезона 2026 е почната, ова е дуел од третото коло. Викингур во првите две кола освои само еден бод и уште нема дадено гол. Од друга страна, ХБ стартуваше со две победи и гол-разликата им е 4-1, па ако победат и вечерва, ќе се искачат на првата позиција на табелата. Викингур речиси две години не победил против ХБ Торшавн. Лани се сретнаа четирипати (еднаш во суперкупот) и четири победи имаше ХБ.

Предлог тип: 2 (2.12)

 

6725 Челзи ж. – Арсенал ж. (21.00 часот)

Првиот меч на лондонските ривалки во четвртфиналето на Лигата на шампионите за жени заврши со 3-1 за Арсенал, па пред Сините е сериозен предизвик. Арсенал е актуелен европски првак, но благ фаворит за победа вечерва е Челзи. Дали ќе успеат да слават со три гола разлика, е друга работа. Арсенал нема пораз повеќе од два месеца. Арсенал победи со 2-0 на своето последно гостување кај овој ривал, тоа беше во јануари.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

1427 Сантандер – Спортинг Х. (21.30 часот)

И покрај двата порази по ред во претходните две кола, Расинг Сантандер уште е првопласиран на табелата во втората шпанска лига. До крајот има уште десет кола и целта им е директен пласман во Ла Лига. Тимот од Хихон е десетти, на пет бода минус е од зоната на табелата која води во плејоф за влез во Примера дивизија. Спортинг на 15 гостувања сезонава има само едно реми. Есеноска во Хихон беше 2-1 за Спортинг и Расинг ќе има мотиви да се реваншира.

Предлог тип: 1 (2.00)

- Оглас -

Најнови вести