Арсенал и Евертон го доближија Лидс до испаѓање од Премиерлигата

Арсенал непотребно се мачеше во второто полувреме против Лидс, иако имаше предност и резултатска и по бројот на фудбалери на терен, но крај со двата рани голови на Нкетиа победи со 2-1, и направи чекор кон пласман во Лигата на шампионите, бидејќи на три кола до крај, има четири бода плус во однос на Тотенхем.

Од друга страна, поразот на Лидс во комбинација со триумфот на Евертон кај Лестер од 2-1, го спуштија Лидс во опасната зона, а Карамелите кои имаат и еден меч помалку, се искачија погоре.

Вест Хем со 4-0 го торпедираше Норвич и си ги задржа теоретските шанси за место во Лига Европа. Најубедливата победа на Чеканите на гости во Премиерлигата е 5-0, им фалеше еден погодок за изедначување на рекордот.

- Оглас -

Најнови вести