Во вчерашното издание на Типтерски совети ги погодивме сите пет предлози кои нудеа вкупен коефициент 66.51, за денес ќе се обидеме да го повториме тоа.
Вест хем – Челзи (21:15ч)
Малото дерби на Западен Лондон во минатото беше гаранција за голови, но во последните четири средби во просек се постигнуваат до два погодоци. Чеканите изненадија на „Стемфорд бриџ“ во првата овосезонска пресметка со минимални 1-0, што значи дека избраниците на Френк Лампард ќе целат на реванширање.
Сините се во победничка форма по рестартот на сезоната, триумфираа над Астон вила и Манчестер сити во Премиер лигата, а преку Лестер обезбедија пласман во полуфиналето во ФА купот. Ако се земат предвид резултатите пред паузата, Челзи е во серија од шест победи во низа, која ќе треба да продолжи и на гостувањето кај соседите, кои пак се борат за опстанок и ќе дадат сè од себе да избегнат трето последователно разочарување откако се вратија во натпреварувачки погон.
Предлог тип: X2 & 2-4 (1.73)
Арсенал – Норвич сити (19ч)
Дочека Арсенал повик за будење, па успеа да нареди две победи и тоа на гости кај Саутхемптон и кај Шефилд во рамките од ФА купот. Микел Артета ја користи целата артилерија која му е на располагање за да дојде до посакуван резултат, така што треба да биде и во вечерашниот дуел со Канаринците.
Арсенал треба да нападне со Обамејанг и Лаказет, но нема да биде изненадување ако младиот Нкетија добие шанса во стартниот состав. Треба да се напомене дека Топчиите имаат одличен биланс против Норвич кога се домаќини, во рамките од Премиер лигата бележат три победи во низа, а без пораз се од 1993 година.
Предлог тип: 1 & 2-5 (1.85)
Евертон – Лестер (19ч)
Евертон во обид да го задржи ритамот без пораз може да му помогне на Челзи доколку вечерва го надигра Лестер. Карамелите се борат за што подобар пласман во Премиер лигата, поточно да стигнат до топ-10 местата на табелата.
Лисиците на Брендан Роџерс не изгледаат толку опасно како пред паузата, во три меча досега се без победа, од кои во два меча од Премиер лигата ремизираа. Нов негативен резултат може да им го загрози третото место кое го напаѓа токму Челзи. Лестер претходно сезона славеше против Евертон со 2-1, се очекува слична ефикасност и вечерва.
Предлог тип: 1+I & 1+II (1.85)
Интер – Бреша (19:30ч)
Интер нема право на кикс и затоа мора да триумфира против Бреша, која се наоѓа пред испаѓање. Ако тимот на Конте веќе е отпишан од трката за шампионската титула во Италија, барем да си го осигурат третото место за сигурен пласман во Лигата на шампионите.
Нераѕурите во трите претходни меча освоија седум од максимални девет бода, целта е да се задржи таа форма, а воедно да се продолжи серијата без пораз од Бреша од 2001 година, па наваму. Бреша не е најслаба гостинска екипа во Калчото, но во последните шест гостувања претрпеа четири порази и две ремија, така што на повидок им е ново разочарување.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.0)
Валенсија – Атлетик Билбао (19:30ч)
Валенсија може да капитулира пред Баскијците бидејќи остана без тренер во пресрет на овој меч, а дополнителен проблем се повредите на неколку клучни дефанзивци, како Гаја, Гарај и Пикини. Лилјаците го почувствуваа отсуството на повредените играчи, па од рестартот на сезоната досега загубија трипати, а вкупно во пет меча победија само еднаш и издвоија реми со Леванте во градското дерби.
Бидејќи домаќините не се во форма, најдобро е да не се ризикува и да се форсира евентуална победа за Валенсија, туку да се очекува отпор на Билбао, па двете екипи да приредат интересен и неизвесен дуел. Во последните шест меѓусебни дуели, Валенсија славеше во четири наврати, на останатите два меча немаше победник, додека Билбао од 2016 година не памети добар резулат против Валенсија.
Предлог тип: ГГ прво/второ (2.75)