Како 100 денари да ги направевте 100 евра? Требаше да ги уплатите нашите вчерашни предлози

Типстерските совети кои секој ден може да ги прочитате на Спорт Манија се меродавен советник за сите прогнозери кои во текот на денот планираат да уплатат тикет во Sport Life. Ви нудиме мини-анализи кои се издржани и се потпираат на факти, а даваме и свои предлози што треба да се прогнозира.

Вчера имавме среќа сите пет предлози да ги погодиме, вкупната квота на тие пет меча беше 66,51, па сега имаме право и да се пофалиме и привремено да ги замолкнеме критичарите. Покрај тоа, добитни беа и трите квоти на ден кои ги нудеше обложувалницата Sport Life. За тие три меча, вкупната квота беше 11,8.

Доколку ги уплативте вчерашните предлози, ќе заработевте солидна сума пари. На пример, ако ставевте 100 денари на петте меча кои ви ги предложивме, заработката ќе ви беше над 6.600 денари.

Предложениот тикет изгледаше вака: Победа на Манчестер јунајтед на гости кај Брајтон (лесни 3-0), Лацио да даде 2-3 гола на гостувањето кај Торино (римјаните дадоа два гола уште на 20 минути пред крајот), победа на Јувентус кај Џенова плус да има три гола (и тука сите четири погодоци, од кои три во мрежата на домашните паднаа во второто полувреме, но работата беше завршена во 73-та минута), единица на Мајорка против Селта (конечни убедливи 5-1 за тимот за чија победа квотата беше дури 3.25) и дека Барса нема да загуби од Атлетико со тоа што на мечот ќе паднат барем три гола. Е, тука „висевме“ бидејќи ако Атлетико дадеше уште еден гол и победеше, тикетот немаше да биде добитен. Но, тоа не се случи и прилично лесно погодивме убава квота од 66,5.

- Оглас -

Најнови вести