Арсенал никогаш немал 50 бода на пола пат до титулата, навивачите со радост го цитираат Мурињо (Видео)

Арсенал забележа огромна победа од 3:2 против Манчестер јунајтед во трката за титулата во Премиер лигата и е во ситуација да има рекорден број на бодови во клупската историја на половина пат до пехарот.

Топчиите никогаш немале 50 бода точно на половина од првенството во Премиер лигата, а таков ефект немаа ниту во сезоната на „Недопирливите“ во 2003/04 кога ја освоија титулата без пораз.

Арсенал е лидер на табелата со 50 бода и има одиграно 19 натптревари во сезона со вкупно 38 кола.

Зад нив се Манчестер сити со 45 и Манчестер јунајтед и Њукасл со по 39 бода, сите со по меч повеќе.

Навивачите на Арсенал се потсетија на изјавата на Жозе Мурињо, кога Специјалниот беше тренер на големиот ривал Тотенхем и рече дека наскоро со Артета како тренер Арсенал повторно ќе биде Арсенал.

Арсенал има 13 титули и е трет најтрофеен англиски клуб зад Манчестер јунајтед и Ливерпул, а на 14-та се чека од 2004 година.

 

- Оглас -

Најнови вести