Гранит Џака ќе мора да оди на операција откако ги повреди лигаментите на левото колено на натпреварот против Тотенхем.
Капитенот на Арсенал ќе паузира најмалку два месеци и со тоа нема да може да му помогне на својот тим во голем број важни натпревари.
Џака го напушти теренот во 82-рата минута, во победата над големиот ривал од 3:1 со големи болки во коленото, а ваквата вест ја соопшти медицинскиот тим, кој најави дека ќе мора да оди „под нож“.
Швајцарскиот репрезентативец летово беше пред заминување од Арсенал, но раководството се одлучи да му даде нов договор и да му ја довери капитенската лента.