Првиот голман на Арсенал, Петр Чех, ќе отсуствува од терените еден месец откако се здоби со повреда на бутниот мускул. Искусниот чувар на мрежата мораше пред време да го заврши мечот против Ватфорд изминатиов викенд, го замени Лено, а германскиот голман ќе мора да се истакне во следните триесетина дена.
Лено ќе застане меѓу диреците уште во четврток, на гостувањето против Карабаг во Лигата на Европа, додека ќе биде прва опција и во наредните пет натпревари на „топчиите“ во сите конкуренции, а Емери се надева дека Чех ќе успее да закрепне до дербито против Ливерпул, средбата која е закажана на трети ноември, во рамките од Премиер лигата.