22.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Арсенал пласман во ЛШ ќе бара преку Лигата на Европа

Арсенал одигра реми од 1-1 против Брајтон и веќе четири меча во низа во Премиер лигата избраниците на Унаи Емери не успеваат да дојдат до три бода. Катастрофалната форма го стави Арсенал во неповолна позиција, тие нема да бидат во топ 4 по крајот на шампионатот без разлика што ќе се случува во последното коло.

Пласманот во Лигата на шампиони ќе го бараат преку освојување на Лигата на Европа, а Арсенал засега е на добар пат да го оствари тоа. Имаат 3-1 од првиот полуфинален меч против Валенсија, па доколку се пласираат во финале и подоцна го освојат пехарот, ќе се најдат меѓу европската елита за следната сезона.

Погодоците на „Емирати“ се постигаа од белата точка. Прво Обамејанг во деветтата минута беше прецизен за домаќините, а Мари во 60-тата минута од иста позиција израмни за конечни 1-1.

- Оглас -

Најнови вести