Роналдо го постигна 182-риот гол од пенал во кариерата (Видео)

Екипата на Ал-Наср убедливо со 5:0 славеше на гости кај Ал-Најма во меч од првенството на Саудиска Арабија. Ал-Наср со овој триумф се искачи на првото место на табелата со 58 бода, два повеќе од Ал-Ахли, додека Ал-Хилал има 55 и Ал-Кадсиа со 53 бода.

Убедливата победа на Ал-Наср ја најави Кристијано Роналдо со голот во седмата минута. Беше досуден пенал за гостите, а Роналдо без проблем го реализира.

За Роналдо ова е вкупно 182-ри погодок постигнат од пенал во кариерата, а сега има вкупно 965 гола, што значи дека му недостасуваат само уште 35 за да биде прв во историјата што ќе ја достигне магичната бројка од 1.000 голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести