Арсенал по повредата на Букајо Сака го купува Рандал Коло Муани

Англискиот премиерлигаш Арсенал е подготвен да го направи неопходното за да го ангажира напаѓачот на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани, за време на зимскиот трансфер прозорец.

Причина за ова е повредата на крилниот напаѓач Букајо Сака, кој се здоби со повреда за време на победата против Кристал Палас минатиот викенд. Според изјавата на менаџерот Микел Артета, Сака ќе отсуствува „подолг период“. Дополнително, повреда заработи и Рахим Стерлинг, што ги намалува офанзивните опции на Арсенал.

Со цел да ги зачува своите амбиции за трофеи оваа сезона, Арсенал ќе се обиде да доведе офанзивен играч во јануари. Рандал Коло Муани, кој е незадоволен од својот статус на резерва во ПСЖ, изгледа како идеална опција.


Францускиот репрезентативец оваа сезона започна како стартер само на два натпревари во Лига 1 и во Лигата на шампионите, што дополнително ја зголемува неговата подготвеност да се пресели во Премиер лигата.

ПСЖ, исто така, е подготвен да го стави Рандал Коло Муани на трансфер листа и да заработи од неговата продажба, што може да го олесни потенцијалниот договор со Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести