7.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Арсенал подобар од Брентфорд, Брајтон и Астон Вила приредија голеада (Видео)

Арсенал се врати на победничкиот колосек и ја запиша својата десетта сезонска победа, совладувајќи го Брентфорд со 2-0 на „Емирати“. Иако Микел Артета се соочи со проблеми во составот и мораше да ротира поради повреди, лидерот на Премиер лигата рутински ја доби лондонската пресметка.

Шпанецот Микел Мерино повторно беше поставен во нападот и уште еднаш ја оправда одлуката. Во 11-тата минута, по прецизна асистенција на Бен Вајт, Мерино ја затресе мрежата и донесе рана предност за Топчиите.

Длабоко во судиското продолжение, Букајо Сака со прецизен удар ја запечати победата, поставувајќи ги конечните 2-0 во 91-та минута. Тимот на Артета останува сигурно на врвот, со предност од пет поени во однос на Манчестер сити.

Вистинска голеада приредија Брајтон и Астон Вила, а славеа гостите со 3-4. Оли Воткинс беше двоен стрелец за Астон Вила, погодија и Онана и Мален.

Кристал Палас на гости го совлада Барнли со 0-1, а и Нотингам Форест со идентичен резултат славеше против Вулверхемптон.

- Оглас -

Најнови вести