Арсенал победи со 1-0 на гостувањето кај Ватфорд и се искачи на четвртата позиција во Премиер лигата. За лондонските „топчии“, ова беше прва гостинска победа по повеќе од два месеца. Арсенал првпат сезонава не прими гол на едно гостување, иако не блескаше со играта и како отсега да мислеа на дуелот со Наполи во Лигата на Европа.
Најинтересните моменти на овој дуел се случија за две минути. Најпрвин во 10-тата минута, Бен Фостер сакајќи да ја исфрли топката, го погоди Обамејанг и топката влезе во мрежа. Ова се покажа како клучен потег на мечот.
Само една минута подоцна, Трој Дини доби црвен картон, па Ватфорд остана и со играч помалку.
Сепак, домашните и со 10-мина фудбалери на теренот беа опасни, имаа шанси, пречка, заслужија реми, но сепак останаа со празни раце.