Арсенал обезбеди место во финалето на Лига Купот во Англија, откако пред своите навивачи со 1:0 го совлада градскиот ривал Челзи, во реванш средбата од полуфиналето.
Единствениот погодок го постигна Каи Хаверц и тоа буквално во последните моменти од мечот. Беше 0:0, реми кое беше сосема доволно за Топчиите да се радуваат на пласман во финалето, затоа што на првиот меч одигран на „Стемфорд Бриџ“ Арсенал победи со 3:2.
Затоа Челзи во финишот тргна со сите сили во напад, а тоа го искористи Арсенал и во контра напад, Хаверц излезе сам пред противничкиот голман и на крајот рутински ја заврши акцијата со погодок кој може да го видите ТУКА.
Противникот на Арсенал во финалето ќе се дознае утревечер кога Манчестер сити на свој терен игра против Њукасл. Граѓаните со 2:0 победија на првата средба и имаат голем капитал пред возвратниот дуел на свој терен.

