Три екипи од Премиер лигата имаат интерес за офанзивецот на Реал Мадрид, Родриго. Ливерпул, Манчестер сити и Арсенал посакуваат да го видат Бразилецот во нивниот дрес, но Топчиите веќе и официјално оствари комуникација со Кралевите околу можниот трансфер.
Одговорот на Флорентино Перес бил јасен: „Може да го добиете Родриго, но само ако платите 70 милиони евра“. Останува да се види дали раководството на Арсенал е подготвено да ја плати оваа сума.
Фудбалерот многупати претходно најави дека сака да си замине од Мадрид бидејќи имаше мала минутажа, а оваа сезона беше стартер на 22 натпревари.