Арсенал во јануари тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ повторно ќе биде цел на Арсенал во јануари 2025 година, пренесуваат англиските медиуми. Лондонскиот клуб планира да преговара за негов трансфер, а причината е тоа што Микел Артета и понатаму бара нов голгетер бидејќи Габриел Жезус не ги исполни очекувањата.

Влаховиќ веќе некое време е на радарот на Арсенал, кој го следи месеци наназад.
Неговиот договор со Јувентус трае до 2026 година, па Арсенал ќе мора да преговара за отштета со италијанскиот клуб.


Арсенал се насочи кон Влаховиќ бидејќи тој би можело да биде достапен за 70 милиони евра, додека нивната прва желба, Александар Исак од Њукасл, е проценет на над 120 милиони евра.

Влаховиќ оваа сезона постигна девет гола и запиша две асистенции на 17 натпревари, а во дресот на Јувентус вкупно има 50 гола и 11 асистенции на 118 настапи.

Англиските медиуми сметаат дека Влаховиќ е идеален профил за Артета и неговиот систем на игра.

- Оглас -

Најнови вести