21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Арсенал во Реал Мадрид најде замена за Озил

Норвешкиот фудбалер Мартин Одегард најверојатно во втората полусезона ќе го носи дресот на лондонскиот Арсенал. Зинедин Зидан не му даваше прилики на Одегард во Реал Мадрид, па несреќниот Норвежанец побара уште сега во јануари да биде позајмен во друг клуб.

Во игра беше и Реал Сосиедад, за кого Одегард играше минатата сезона, и Ајакс, но изгледа некогашниот голем талент кој го споредуваа со Лионел Меси, ќе игра во Премиер лигата. Арсенал остана без Месут Озил, но во средниот ред добива играч кој е сличен по стилот на игра на Озил. На Топчиите им се брза, сакаат уште денеска да го постигнат договорот за позајмица.

Во Арсенал како позајмен игра уште член на Реал, тоа е Даниел Себалјос. Одегард денеска не тренираше и тоа е сигурен сигнал дека наскоро го напушта (привремено) Кралскиот клуб, па Зидан во средниот ред останува само со Касемиро, Крос, Модриќ, Валверде и Иско.

- Оглас -

Најнови вести