Арсенал водеше па мораше да даде гол да се спаси од пораз против Баерн Минхен (Видео)

Возбудлив и богат со голови одиграа Арсенал и Баерн Минхен, во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони. На крајот, по 90 минути на дуелот во Лондон, резултатот е 2:2 што е најава дека ќе биде неизвесен реваншот во Минхен.

Арсенал прв даде гол и донесе радост за домашните фанови кога Сака погоди за 1:0.

Баерн Минхен кој е во криза во домашното првенство и ќе ја загуби титулата во Бундеслигата, сепак покажа дека уште има моќ, па со головите на Гнабри во 18 и на Кејн од пенал во 32 минута стигна до пресврт и водство од 2:1.

Во второто полувреме Арсенал тргна да израмни и тоа на топчиите им успеа во 76 минута кога Тросардго искористи фантастичното додавање на Габриел Жезус и израмни на 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести