Арсенал има предност од 1:0 по првото полувреме на гостувањето во Мадрид против Атлетико во првиот полуфинален дуел од Лига на шампиони. Виктор Ѓокереш е стрелец на голот за радост на Топчиите и тоа од пенал во 44 минута.
Токму шведскиот репрезентативец беше фаулиран во шеснаесетникот на Атлетико и самиот реши да ја преземе одговорноста да шутира и погоди. Погодокот на Ѓокереш може да го видите ТУКА.
Гостите од Лондон беа и поконкретни во првото полувреме, а на крајот тоа им се исплатеше со погодок од пенал. Интересно е што пред почетокот на мечот, навивачите на Атлетико Мадрид од секој дел од трибините фрлија тоалетни хартии на теренот на „Ванда Метрополитано“.
Poetry in motion 🥹💫 pic.twitter.com/9ndVIJTtnw
— Atlético de Madrid (@atletienglish) April 29, 2026

