Арсенал загуби, Манчестер Сити е шампион на Англија! (Видео)

Екипата на Арсенал загуби на гостувањето кај Нотингем Форест со 1-0 и ги загуби и теоретските шанси за титулата во Премиер лигата. Единствениот погодок на мечот беше дело на Авони во 19-тата минута.

Сето ова значи дека Манчестер Сити трета година по ред е шампион на Англија, со оглед на тоа дека има недостижна предност на врвот на табелата во Премиер лигата. За “граѓаните“ ова е деветта титула во историјата, но дури седма во последните десеттина години и ерата на шеиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести