Арсенал загуби од Ленс, но по мечот Топчиите добија многу полоша вест

Арсенал со 2:1 беше поразен на гостувањето во Франција од Ленс, иако Топчиите водеа со 1:0. Габриел Жезус погоди за 1:0, но домаќините брзо вратија со голот на Томасон.

Во 34-тата минута Арсенал доби нов шок, но овојпат не беше во вид на гол. Се повреди Букајо Сака. Еден од најдобрите играчи на Арсенал, во 34-тата минута мораше предвреме да го напушти теренот, а тоа како да даде дополнителна сила за Ленс, кој во вториот дел даде втор гол за победа од 2:1.

По завршување на мечот, тренерот на Топчиите, Микел Артета кратко искоментира дека повредата на Сака „не изгледа добра“. Дополнителните прегледи треба да ја дадат вистинската дијагноза и тоа колку Сака ќе паузира, но речиси е сигурно дека нема да биде подготвен за следниот меч, а тоа е големото дерби против Манчестер сити во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести