Артета: Арсенал игра подобро без публика

Арсенал вечерва го пречекува Лестер во мечот од 34-тото коло во Премиер лигата, дуел кој е клучен за двете екипи кои се борат за пласман во Лигата на шампионите, односно Лигата на Европа.

Топчиите се во добра форма во пресрет на средбата со Лисиците. По двата порази претрпени од Брајтон и Манчестер сити по рестарирањето на сезоната, екипата на Микел Артета нареди четири победи, од кои една е во ФА купот, па целта на шпанскиот стратег е неговата екипа да продолжи во исто темпо.

„Моментално ни одговара што играме пред празни трибни. Секој фудбалер е различен, на некои им е потребна дополнителна мотивација од самата атмосфера на трибините, но повеќето играчи не се навикнати да играат пред 80.000 публика. Затоа сметам дека моментално играме подобро без публика, играчите не чувствуваат притисок кога ја имаат топката крај себе“, истакна Артета.

Во пресрет на дуелот, Арсенал стои на седмото место на табелата со 49 бода, три помалку од Вулверхемптон, додека пак Лестер е трет со 58 бода, а Челзи и Манчестер јунајтед им дишат во врат на Лисиците.

- Оглас -

Најнови вести