Артета е оптимист пред дуелот со Баерн: Уживаме во моментот, ова е местото каде што сакаме да бидеме

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, со нетрпение го очекува утрешниот прв четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Топчиите за првпат по десет години играат во четвртфиналето на елитното европско клупско натпреварување, а атмосферата во соблекувалната е на највисоко ниво бидејќи екипата се наоѓа на делба на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата со Ливерпул на осум кола до крајот на сезоната.

„Уживаме во моментот. Ова е местото каде што сакаме да бидеме. Се наоѓаме во многу добра позиција во Премиер лигата, а тоа важи и за Лигата на шампионите. Пред нас е тешка задача, играме против еден од најуспешните и најголемите европски клубови. Баерн е тежок противник. Кога детално ќе ги анализирате, знаете зошто се толку добри. Но, ние добро се подготвивме и мораме да го насочиме натпреварот во правецот во којшто ние сакаме да оди и тоа е единствен начин да победиме“, изјави Артета.

- Оглас -

Најнови вести