Артета има невообичаена тактика за следните натпревари: „Досега немав храброст за такво нешто“

Арсенал викендов забележа тешка победа на гостувањето кај Евертон со 0-1. Она што на сите им падна во очи е промената на голманската позиција бидејќи стартер беше шпанецот Давид Реја, а на клупата за резерви остана досегашната единица на Топчиите, Арон Рамсдејл.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, постави реторичко прашање, зошто никој не прашува кога ќе биде заменет напаѓачот туку сите реагираат за голманот.

„Постојат работи за коишто жалам. Беше тоа во два наврати, по 60-тата и по 85-тата минута на два натпревари. Можев да го заменам голманот, но не го направив тоа, немав храброст за тоа. Ги анализирав тие натпревари и бев многу несреќен. Некој ќе го замени голманот за време на натпревар и тоа е чудно. Ќе прашате зошто, но ќе ви одговарам зошто да не? Ако вториот голман ги има сите квалитети за нешто да се промени на теренот или ако нешто се случува на теренот и сакате да го промените текот на натпреварот, тогаш ќе го направите тоа. Жал ми е, сега мислам дека треба сите да бидат ангажирани што можат да играат, без оглед на конкуренцијата. Тоа е мојата порака“, вели Артета.

 

- Оглас -

Најнови вести