Артета: Манчестер сити е најдобар тим во Европа

Фудбалерите на Арсенал попладнево од 17.30 часот го пречекуваат Манчестер сити во дуел од 25-тото коло на Премиерлигата, а нивниот менаџер Микел Артета, има само пофални зборови за противникот. Артета беше во стручниот штаб на Граѓаните и помошник на Пеп Гвардиола, пред да се пресели во Лондон како главен тренер на Топчиите во 2019 година.

„Мислам дека тие се моментно најдобар тим во Европа. Фудбалот кој го прикажуваат и серијата победи, говорат сами за себе. Тоа ги прави најдобра екипа“ – рече Артета.

Дали Шпанецот со ова најавува дека однапред се предава или само „им пушта водичка“ за да ги залаже противниците, останува да се види. Арсенал има 22 бода помалку од лидерот и позициониран е на место на табелата кое не води во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести