Екипата на Брера во финишот на сезоната ќе мора да бара нов тренер, откако Мартин Алаѓозовски поднесе оставка на функцијата шеф на стручен штаб во струмичкиот прволигаш. Брера се израдува само на една победа во последните пет кола и со 33 бодови е на осмото место кое води во плејаутот.
“Поднесов оставка на функцијата шеф на стручен штаб. Во разговор со спортскиот директор Зоран Баловалиев, одлучив да се повлечам. На тимот му е потребна нова свежина. Сакам да се заблагодарам на раководството на Брера за досегашната доверба, искрено посакувам клубот да обезбеди опстанок до крајот на првенството”, изјави Алаѓозовски.
До крајот на сезоната главна цел на Брера ќе биде да обезбеди опстанок во елитното друштво и следната сезона.

