Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека Габриел Жезус ги поседува сите квалитети да биде прв избор за централен напаѓач на тимот, откако бразилскиот репрезентативец се врати на теренот по 11-месечно отсуство.
28-годишниот фудбалер ги одигра своите први минути за клубот во средата, влегувајќи како резерва во победата на Топчиите со 0-3 против Бриж во Лигата на шампионите. Жезус доживеа повреда на коленото во јануари.
Тој ќе треба да се бори за своето место со Виктор Ѓокереш и повредениот Каи Хаверц, за да биде главен фокус во нападот на Арсенал. Артета располага и со многу други опции на навалните позиции, вклучувајќи ги Букајо Сака, Еберечи Езе, Габриел Мартинели, Нони Мадуеке и Леандро Тросар.
На прес-конференцијата пред натпреварот против Вулверхемптон, кога беше прашан дали Жезус може да се утврди како напаѓач број еден, шпанскиот менаџер категорично одговори:
„Да, играч со неговиот квалитет, играч кој ни дал толку многу и кој доаѓа со енергијата што ја покажа оној ден. Тој сигурно е играч кој треба да се бори и да се стреми кон тоа.“
Артета категорично ја отфрли идејата за продажба на поранешната ѕвезда на Манчестер сити, и покрај изобилството од напаѓачки опции.
„Габриел има многу да понуди на тимот и тоа го докажа веднаш во првата минута во која беше достапен за игра“, рече тој. „Тој вложи толку многу труд за да се врати на оваа позиција и сега фокусот е да биде со нас.“

