Артета по дербито ги провоцираше Клоп и навивачите на Ливерпул, го имитираше Германецот (Видео)

Фудбалерите на Арсенал вчера во дербито на 23-тото коло од Премиер лигата со 3:1 го совладаа Ливерпул и внесоа дополнителна неизвесност во битката за титулата, а по мечот, менаџерот на Топчиите, Микел Артета, дополнително стави сол на раните на Црвените.

 

Артета емотивно го доживеа триумфот над Ливерпул и по мечот на интересен начин ја прослави победата провоцирајќи ги менаџерот на Црвените, Јирген Клоп и навивачите.

Имено, Артета во стилот токму на Клоп, отиде пред навивачите на Арсенал и ја имитираше прославата токму на Германецот.
Според навивачите на Ливерпул, овој потег Артета го направил намерно само за да го испровоцира Клоп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести