Димитријевиќ трагичар, ЦСКА Москва со брејк го започна финалето во ВТБ-лигата

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ наместо херој е трагичар на својот Уникс откако судиите му досудија неспортски прекршок во финишот од првиот меч од финалето во ВТБ-лигата против ЦСКА Москва.

ЦСКА славеше со 96:95, а судиите на осум секунди при резултат 95:92 за Уникс, му досудија неспортски прекршок на Димитријевиќ по што Тримбл ги погоди двете слободни фрлања, а потоа имаше и напад.

Тримбл ја презеде одговорноста, беше фаулиран и поврторно ги реализира двете слободни фрлања ѝ и донесе победа на ЦСКА Москва.

Димитријевиќ со 22 поени беше најдобар играч кај Уникс, додека Тримбл даде 28 поени за ЦСКА Москва.

- Оглас -

Најнови вести