Артета за инцидентот Пепе-Алиоски: Ќе мора да разговарам со него

Можеби за некогашниот фудбалер, а сега ТВ аналитичар, Патрис Евра, Езџан Алиоски одглумел добро кога со паѓање на земја изнуди црвен картон од Николас Пепе кој го удри со глава, за менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во инцидентот има само еден виновник, а тоа е неговиот играч.

Шпанскиот стручњак жестоко го критикуваше однесувањето на неговиот фудбалер кој беше скапо платен и не ги оправдува средствата вложени во него.

„Неприфатливо е такво однесување на терен. На вакво ниво на натпреварување, не смеете да правите вакви работи. Неприфатливо е. Ќе мора да разговарам со Пепе. Никогаш не се задоволувам со реми, но во вакви услови, нерешениот резултат е добар. Пепе треба да им се извини на соиграчите бидејќи со непотребниот црвен картон, им го смени планот за игра“, изјави Артета.

Арсенал долго време мораше да игра со човек помалку против Лидс, откако Пепе беше исклучен за удирање со глава на нашиот Алиоски, со кого неколку секунди имаа конфликт.

- Оглас -

Најнови вести