26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Асенсио не е во плановите на Луис Енрике, Интер будно ја чека разврската

Марко Асенсио по една полусезона мината во Астон вила на позајмица, се врати во ПСЖ, но на Светското клупско првенство забележа само три настапи, а во игра мина 52 минути.

Тоа е јасен знак дека не е во плановите на Луис Енрике, а раководството на ПСЖ е подготвено да го продаде и за многу пониска цена од неговата вредност, која во моментов изнесува 20 милиони евра.

Шпанецот во редовите на „светците“ дојде во 2023 година бесплатно од Реал Мадрид, а сега интерес за него има од Интер и Фенербахче. Приоритет за фудбалерот е преселба во Милано, но засега не се познати деталите што му нуди Интер.

Познато е дека Фенербахче испрати понуда до неговите менаџери за договор на три сезони со можност за продолжување на уште една, за годишна плата од пет милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести