Ашковски е „птица преселница“: Сега потпиша за турскиот клуб Шанлиурфаспор

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски има нов клуб. Тој направи трансфер во турскиот второлигаш Шанлиурфаспор. Левиот бек претходно настапуваше за Алашкерт во Ерменија.

Ашковски веќе има настапувано во Турција, откако во 2016 година беше дел од Ерчијеспор. Инаку, тој е вистинска „птица преселница“, со оглед дека има настапувано за многу клубови од различни земји.


Играше во Алашкерт во Ерменија, претходно беше во Ламија (Грција), го носеше дресот на Сепси и на Ботошани во Романија, беше и во Бугарија како член на Славија Софија, во Полска настапуваше за Горњик, а има иускуство од Холандија (Фортуна Ситард), нанижа неколку клубови во Србија (Партизан, Нови Пазар, Напредак Крушевац, Доњи Срем) играше и во Норвешка, во Штромгодсет.

Во Македонија, Стефан Ашковски го носеше дресот на Шкендија, а за националниот тим има одиграно 30 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести