Стефан Ашковски и Давид Бабунски се во прекрасниот камп во Стаучени и веќе минаа успешно два теста на Ковид-19 со соиграчите со кои се сместени во хотелот „Редиу“.
Резултатите од тестовите на двајцата македонски интеренационалци и поранешни репрезентативци се негативни, а трето тестирање ќе имаат во понделеник.
Богатиот сопственик на Ботошани, Валериу Ифтиме објави дека Ботошани има проблеми со пристигнувањето во Романија на двајцата Аргентинци Џонатан Родригес и Баутиста Каскини, за да се комплетира тимот. Поради отежнатиот сообраќај во услови на пандемијата Гаучосите не можат да се вратат од својата земја и да допатуваат на тренинзите.
Фудбалерите на Ботошани почнаа со индивидуални тренинзи, а наскоро ќе бидат во можност да се вратат на редовната процедура, како загревање за продолжението на сезоната најавено за 5. јуни.
Клубот чии членови се Ашковски и Бабунски игра во плејофот за титулата во Романија и по две кола е на петтото место со 24 бода, шест помалку од лидерот и шампион Клуж.