Рајски услови за Бабунски и Ашковски – Богатиот газда не штеди, само да се освои титулата (Фото)

Поранешните македонски репрезентативци Стефан Ашковски и Давид Бабунски ќе имаат идеални услови за подготовки во романскиот рај во областа Стаучени, пред рестартот на романското првенство најавено за 5 јуни.

Богатиот газда на Ботошани закупи цел хотел и комплекс познат како Редиу, лоциран во прекрасна природа и шума, а играчите веќе се тестираат за ковид-19 и треба да почнат со тренинзи од петок.

Ашковски пристигна во редовите на петтопласираната екипа во романскиот плејоф во 2019 година, а Бабунски му се приклучи во март годинава и сè уште го чека првиот настап за Ботошани.

Двајцата поранешни репрезентативци на Македонија останаа во Романија за време на кризата со корона-вирус и се подготвени во петок да се преселат во Стаучени и во прекрасниот хотел „Редиу“, каде што ќе имаат врвни услови за 14-дневни подготовки.

Ботошани по две одиграни кола во плејофот за титулата е на петтото место со 24 бода, шест помалку од лидерот и актуелен првак Клуж.

- Оглас -

Најнови вести