Стефан Ашковски посакува позитивните работи од дуелите со Италија и Малта минатиот месец, да се пренесат и сега на гостувањето кај Украина.
„Со позитивна мисла и добра енергија, очекуваме добар натпревар со Украина. Добар меч би ни дал додатен мотив за понатаму, ќе треба да го пренесеме она што беше позитивно на претходните два меча. Според мене, борбеност, мотивација и позитивна мисла се најбитните фактори и предуслови за добар резултат“ – изјави Ашковски.