Ашковски: “Со борбена игра и мотивација до позитивен резултат во Прага“ (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија ги одработува мини подготовките пред квалификацискиот дуел против Украина, на неутрален терен во Прага в сабота. Репрезентативците работат максимално посветено, а единствената цел е поволен резултат против Украина кој ќе не остави во игра за пласман на Европското првенство.

– “Очекувам добар натпревар против Украина. Со позитивна мисла и силна мотивација, да се обидеме да ја пренесеме енергија од последните два натпревари. Борбеност, позитивна мисла и добра мотивација. Тоа е, според мене, најважно за мечот во Прага.“ – вели репрезентативецот Стефан Ашковски.

- Оглас -

Најнови вести