Ашковски удрен во стилот како што Зидан го патосираше Матераци, но Македонецот „бонус“ доби и топка во глава (Видео)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски со својот тим Сепси обезбеди место во финалето на Купот на Романија, откако на гости кај Универзитатеа Крајова победи со 1:0. Сепси и во првиот меч славеше со 2:1, па со вкупни 3:1 заслужено ќе игра во финалето.

На синоќешниот реванш, Ашковски беше нападнат од капитенот на противничката екипа Банку. Лут поради резултатот и елиминацијата, во 86 минута, Банку со глава го удри Ашковски директно во градите, потег кој многу наликуваше на тоа што му го направи Зинедин Зидан на Марко Матераци во 2006 година во финалето на Светското првенство.

Банку не се сопре само со удирањето, па потоа со топката директно во глава го погоди Ашковски кој лешеже на земјата. За овој потег, капитенот на Универзитатеа Крајова доби директен црвен картон.

Инцидентот може да го видите на 9:20 минути од видеото.

- Оглас -

Најнови вести