Џејми Варди е пред еден неочекуван потпис, треба да игра во Шпанија

Легендарниот англиски фудбалер Џејми Варди нема намера да стави крај на кариерата иако неодамна наполи 39 години. Во сезоната што измина Варди го носеше дресот на италијанскиот калчолигаш Кремонезе.

Легендарниот голгетер го прифати повикот од Кремонезе и сезоната ја заврши со седум погодоци и три асистенции, но тоа на крајот не беше доволно клубот да се спаси од испаѓање од Серија А. Тој предизвик со Кремонезе е завршен, а ветеранот сега се фокусира на евентуален трансфер во шпанското првенство.

Според последните информации, за Варди интерес покажал тимот на Расинг Сантандер, кој се избори за враќање во Примера дивисион. Преговорите се во тек и се очекува Варди да добие договор на една сезона. Во Сантандер веруваат дека искуството на англискиот голгетер ќе им биде многу значајно.

Варди е легенда на тимот на Лестер. Дојде во тимот во 2012 година кога играше во пониските лиги, а потоа направи кариера за паметење. Тој беше еден од клучните играчи во 2016 година, кога Лестер направи неверојатен подвиг и ја освои титулата во Премиер лигата. Во дресот на Лестер одигра над 500 натпревари, а постигна повеќе од 200 гола.

По играњето во Премиер лигата и Серија А, Варди во новата сезона најверојатно ќе се проба во најсилната шпанска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести