Астон Вила е многу блиску до финализирање на трансфер кој би можел значително да го засили нивниот среден ред. Toa e ангажманот на шпанскиот интернационалец Марко Асенсио од Пари Сен Жермен.
Kлубот од Бирмингем подготвува официјална понуда од околу 15 милиони евра, сума која, како што се смета, е доволна за да ги задоволи барањата на францускиот шампион.
Асенсио веќе ја познава атмосферата на „Вила Парк“, бидејќи во втората половина од сезоната 2024/25 настапуваше таму како позајмен играч. Неговите настапи и искуството што ги донесе од Реал Мадрид и ПСЖ оставија позитивен впечаток кај управата на англискиот клуб, која без двоумење реши да го задржи на подолг рок.
Астон Вила веќе постигна договор со самиот фудбалер – тригодишна соработка што ќе го врзе Асенсио со клубот до 2028 година. Со тоа, Унаи Емери ќе добие играч кој добро го познава системот и кој може да понуди разновидност во офанзивниот дел од средниот ред.
Асенсио, кој е производ на школата на Реал Мадрид, се приклучи на ПСЖ во 2023 година и има важечки договор со Светците до 2026. Сепак, неговата улога во Париз не беше секогаш во прв план, а конкуренцијата на „Паркот на принцовите“ му остави ограничено време на теренот.
Со трансферот во Астон Вила, 29-годишниот Шпанец добива можност повторно да биде еден од лидерите на тимот, додека англискиот клуб добива интернационалец со огромно искуство од Ла Лига и Лига 1, како и од европските натпреварувања.