Астон вила не се шегува и доведе уште еден некогашен играч на Барселона

Астон вила досега има фантастичен зимски трансфер-период и најавува дека во вториот дел од сезоната во Премиер лигата ќе биде еден од најинтересните тимови.

По ангажирањето на Филипе Кутињо, тимот од Англија ги обезбеди и услугите на бекот Лукас Дињ, кој дојде од Евертон.

Французнот, кој е поранешен играч на Барселона, потпиша четири и пол годишен договор и веднаш ќе му биде ставен на располагагање на тренерот Стивен Џерард за следниот натпревар против Манчестер јунајтед.

Левиот бек има 28 години, а за националниот тим на Франција игра од 2014 и има забележано 43 настапи.

- Оглас -

Најнови вести