Ентони Едвардс се врати и помогна Минесота да направи брејк против Сан Антонио (Видео)

Кошаркарите на Минесота тимбервулвс ноќта кон вторник во Сан Антонио го совладаа домашниот Сан Антонио Спарс со 102-104 во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, при што се врати Ентони Едвардс по повредата.

Едвардс во неочекуваното враќање постигна 18 поени и ѝ помогна на Минесота да го издржи налетот на домаќините во завршницата. Тимбервулвс ги предводеше Џулиус Рендл со 21 поен и 10 скока, додека кај Спарс, Дилан Харпер уфрли 18, а Џулијан Шампањи и Стефон Касл по 17 поени.


Сан Антонио се доближи на 102-104 по украдената топка на Девин Васел и положувањто на Харпер на 31 секунда до крајот. По промашувањето на Рендл, Шампањи не погоди шут за три поени со звукот на сирената, па Сан Антонио го запиша дури вториот пораз во последните 17 отворања на серии на домашен терен.

Виктор Вембањама имаше извонреден настап со 11 поени, 15 скока и дури 12 блокади, со што постави НБА-рекорд во плејофот. Стана само трет играч кој во доигрувањето остварил трипл-дабл со блокади откако лигата ја следи таа статистика од сезоната 1973/74.

Едвардс првично требаше да ги пропушти барем првите два натпревари од серијата поради коскена контузија и хиперекстензија на левото колено, која ја заработи на 25 април во четвртиот меч од серијата против Денвер нагетс. Сепак, се врати порано, додека Минесота и понатаму не може да смета на Донте ДиВинченцо поради руптура на десната Ахилова тетива и Ајо Досунму поради проблеми со десниот лист.

По погодената тројка од степ-бек на почетокот на мечот, Едвардс погледна кон клупата на Спарс и извика: „Се вратив! Се вратив!“

Во игра влезе од клупата на 6:53 минути до крајот на првата четвртина при резултат 11-8 за Сан Антонио и натпреварот го заврши со шут 8/13 за 25 минути.

Вториот натпревар се игра во среда, исто така во Сан Антонио.

Кошаркарите на Њујорк никс го отворија полуфиналето на Источната конференција со брутална демонстрација на сила, декласирајќи ја Филаделфија со 137-98 и јасно покажаа дека во моментов можеби се и најопасниот тим во лигата.

Во центарот на вниманието беше незапирливиот Џејлен Брансон, кој постигна 35 поени, од кои дури 27 во првото полувреме, практично решавајќи го прашањето за победникот уште пред паузата.

Со оваа победа Њујорк влезе во историјата како прв тим што врзал три плејоф-победи со најмалку 25 поени разлика, потврдувајќи ја неверојатната форма од завршницата на првата рунда.

- Оглас -

Најнови вести