35.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Астон вила сака да го откупи Марко Асенсио

Астон вила се подготвува да испрати официјална понуда до Пари Сен Жермен за Марко Асенсио откако веќе се договорила со 29-годишниот Шпанец околу личните услови, пренесува „Скај спорт“. Се очекува англискиот клуб да понуди 20 милиони евра, вклучувајќи бонуси.

Асенсио се согласил на тригодишен договор со тимот, во кој веќе играше како позајмен играч порано годинава.

Финансискиот ферплеј ја ограничуваше Астон вила во трансферите претходно летово, но продажбата на Џејкоб Ремзи во Њукасл за 40 милиони евра ослободи средства за нови засилувања.

Менаџерот Унаи Емери многу ги цени квалитетите на Асенсио, кој се приклучи на клубот од Бирмингам во јануари на позајмица и постигна осум гола во 21 натпревар во сите натпреварувања.

Се смета дека ПСЖ би прифатил и пониска сума за трансферот на Асенсио, со оглед дека на Шпанецот му останува уште една година од договорот со францускиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести