Астон вила во 90+3 минута го елиминира Лестер и се пласира во финалето од Карабао купот

Астон вила е прв финалист во Карабао купот по триумфот во драматичната пресметка против Лестер со конечни 2-1. Домаќините со погодокот на Трезеге во третата минута од судиското надополнување за првпат по 10 години ќе се бори за трофејот кој досега го освоиле петпати во историјата.

Резултатот од првиот меч беше 1-1, а иако се предвидуваа пенали, египетската конекција на Елмохамади и Трезеге ги изненади Лисиците во 93-тата минута.

Астон вила утре ќе го дознае противникот во финалето кое ќе се одржи на 1 март на „Вембли“, а веројатно тоа ќе биде Манчестер сити бидејќи бранителот има сигурни 3-1 од првата пресметка против градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Погодокот на Трезеге можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести